Ќерката на Мајкл Џексон отворено за пеколот низ кој поминала

Date:

Ќерката на легендарниот Мајкл Џексон, Парис Џексон, јавно раскажа за пеколот низ кој поминала за време на борбата со зависноста од алкохол и хероин.

Ќерката на легендарниот Мајкл Џексон, модел, актерка и пејачка Парис Џексон, откри дека по пет години се излечила од две големи зависности: алкохол и хероин.

Парис (26) на својот Инстаграм профил детално ја опиша својата борба со зависноста. Заедно со видеото кое ги прикажува најдобрите но и најтешки моменти од нејзиното петгодишно „патување до трезвеноста“, Џексон напиша:

„Здраво, јас сум П.Џ. и сум алкохоличар и зависник од хероин“, додаде таа.

„Благодарноста едвај ја допира површината. Бидејќи денес сум трезна, се насмевнувам. Можам да правам музика. Ја доживеав радоста да ги сакам моите кучиња и мојата мачка. Го чувствувам скршеното срце во сета негова слава. Тагувам. Се смеам. Одам да танцувам, верувам. Можам да го почувствувам сонцето на мојата кожа и е топло. Открив дека животот продолжува без разлика дали сум трезна или не. Еве мала слика од она што беше можно поради мојата трезвеност, а Боже мој, не можам да верувам дека речиси ми недостигаше сето тоа“.

На почетокот на видеото, се гледа како Парис пие обилни количини алкохол, пуши и плаче, а има и фотографии од неа како танцува со пријателите, настапува на сцената, шета по црвениот тепих на вечера на Кристијан Лубутен за време на Модна недела во Париз Во 2023 година, таа се качува по карпи, заедно со клипови од неа и нејзиниот вереник, музичкиот продуцент Џастин Лонг.

Џексон објави и фотографии од бројните значки што ги добила за еден ден, пет месеци, шест, девет месеци, 11 месеци, 18 месеци, една година, две, три, четири и петгодини од трезвеноста.

Таа го заврши видеото со порака на благодарност до оние кои ѝ помогнале да се избори со нејзината зависност:

„На оние кои ми помогнаа на ова патување, макар само на почетокот, на средината или цело време до сега, знаете кој сте и ви го должам животот. Ви благодарам. 5 години. ФАЛА ТИ БОЖЕ“ изјави Париз.

Веднаш реагираа голем број познати личности, меѓу кои Кортни Кокс, Мадона, Деми Ловато, Кара Делевињ и Парис Хилтон.

„Толку сум горда на тебе, сестро“, прокоментира Парис Хилтон.

Џексон зборуваше за нејзините зависности во минатото, но никогаш не прецизирала дека користела хероин.

На пример, во 2017 година, таа изјави за „Ролинг Стоун“ дека некои од тетоважите кријат траги и лузни од самоповредување.

Во исто време, таа откри дека се обидела да се самоубие „повеќе пати“ пред да оди на терапија во установа во Јута.

Инаку, Парис е ќерка на Мајкл Џексон и неговата поранешна сопруга Деби Роу. Родена е 1998 година, а оттогаш е во центарот на вниманието на светската јавност поради славата на нејзиниот татко. Кога тој починал, таа имала само 11 години, а нејзината мајка Деби Роу ја запознала дури на 13 години, а таа тврди дека денес имаат квалитетна врска.

И покрај нејзината долгогодишна зависност, Парис постигна успех во светот на модата, глумата и музиката, а нејзините обожаватели ја сметаат за една од најубавите жени во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...