Венсан Касел (57), еден од најпознатите француски актери, се појави на премиерата на филмот „Партенопа“ („Parthenope“) во рамки на годинашното издание на Канскиот филмски фестивал. Шармантниот Французин беше одлично расположен, а друштво му правеше и неговата девојка Нара Баптиста (27).

Парот среќно им позираше на насобраните фотографи, а на црвениот тепих разменуваа бакнежи, прегратки и нежни допири.

Актерот се појави во син костум со црни ревери и црна кошула, а изданието го комплетираше со лакирани чевли и очила. Од друга страна, пак, убавата Баптиста за својот изглед на црвениот тепих избра едноставен, но ефикасен фустан без прерамки, кој ја следи линијата на телото. Атрактивната бразилска манекенка го дополни изгледот со црни лакирани сандали и дијамантски накит.

Да потсетиме, Касел и 30 години помладата Баптиста првпат беа фатени заедно на крајот на минатата година на плажа во Рио де Жанеиро, но не е познато кога започнала нивната врска.

Французинот претходно беше во брак со манекенката Тина Кунаки (27), а се разведоа во април 2023 година, само неколку месеци пред да стане позната неговата романса со Баптиста. Интересно е тоа што оваа Бразилка физички неодоливо наликува на Кунаки. Касел и Кунаки имаат една ќерка – Амазони (5).

Претходно, Касел беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи (59). Со неа има две ќерки, 19-годишната Дева и 13-годишната Леони.