Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис објави трогателна видеоснимка во која раскажа како се вљубила во него.
„Беше зима, пред 15 години, кога јас се вљубив лудо во него. Љубовта на мојот живот“, напиша таа во описот.
Брус и Ема се венчаа во март 2009 година, по неколку години врска, и имаат две ќерки – десетгодишната Мејбел и осумгодишната Евелин.
Брус ги има и ќерките Талула, Скаут и Рамер со поранешната сопруга Деми Мур и сите се во многу добри односи, особено изминативе месеци откога на Брус му беше дијагностицирана афазија и тој се повлече од актерството.
„Воодушевена сум од ова видео“, ѝ искоментира Скаут, а Талула додаде: „Ми се стоплува срцето кога го гледам ова“.
Како потсетување, во март годинава, семејството на 67-годишниот актер објави дека тој се повлекува од актерството поради што му била дијагностицирана афазија.
„До неверојатните поддржувачи на Брус,
Ние како семејство сакавме да споделиме дека нашиот Брус се соочува со здравствени проблеми и неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа и по многу размислување, Брус се повлекува од кариерата која му значи многу.
Ова навистина е период полн со предизвици за нашето семејство и многу ја цениме вашата континуирана љубов, сочувството и поддршката. Минуваме низ ова како силно обединето семејство и сакавме да ги вклучиме и фановите затоа што знаеме колку ви значи тој, како што и вие му значите нему.“
Порака беше потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговите пет ќерки – Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин.
Афазија е состојба која ја одзема способноста за комуникација. Може да ја засега способноста за зборување, пишување или разбирање на јазикот (во пишана или вербална форма).