Јунајтед и Тотнем ја потврдија доминацијата – англиско финале во Лигата Европа

Date:

Вторпат во историјата, а прв по 53 години, во финалето од Лигата Европа (вклучувајќи го и претходниот Куп на УЕФА), две англиски екипи ќе се борат за трофејот.

Во сезоната 1971/72, во инаугуралното издание од Купот на УЕФА се сретнаа Тотнем и Вулверхемптон, а сега повторно во мечот за титулата ќе игра Тотнем, но противник ќе му биде Манчестер Јунајтед. Премиерлигашите и во возвратните дуели со своите ривали ја потврдија својата моќа и со нови убедливи победи се избори за пласман во финалниот натпревар.

Манчестер Јунајтед со одлично второ полувреме го победи Атлетик Билбао со 4-1 и со вкупно 7-1 оди во мечот за титулата. Јаурегизар го отвори резултатот во 31. минута со прекрасен удар, враќајќи ја неизвесноста на натпреварот, но во второто полувреме, канонада на голот на Атлетик. Во главна улога беше Маунт кој постигна два фантастични гола од кои едниот од центарот на теренот, а во меѓувреме во листата на стрелците се запишаа и Касемиро и Хојлунд.

И Тотнем не дозволи изненадување на гостувањето во Норвешка и го победи Бодо со 2-0, за вкупни 5-1. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Соланке и Поро.

Финалето се игра на 21 мај на стадионот Сан Мамес во Билбао, а победникот ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што преку првенството немаат шанси да го направат тоа. Ова значи дека Премиер лигата идната сезона ќе има шест екипи во елитното европско натпреварување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...