ЈО со уште 6 кривични за 9 лица заради криминал со употребувани возила и глисери- утврдена штета од 635 илјади денари

Date:

Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари. Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение. Случаите се дел од предкривичните постапки на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа за криминални дела со употребувани возила за кои извести пред јавноста изминатиот месец.

Во предкривичните постапки инспекторите уште во еден случај утврдија најгрубо кршење на законските прописи при што возач, увозник и царински службеник се сомничат за внес на товарно моторно возило во државата при што за истото е избегнато плаќање увозни давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот од 256 илјади денари. Во овој случај возилото е одземено, а против сторителите е поднесена кривична пријава и тоа по два основи, кривично дело царинска измама и кривично дело фалсификување исправи. Против царинскиот службеник е изготвено отказно решение.

Кривична пријава заради царинска измама и фалсификување исправа е поднесена и до правно и одговорно лице на фирма за сторено кривично дело царинска измама и фалсификување исправа. Во овој случај станува збор за кривични дела заради плаќање пониски увозни давачки. Сторителите при увоз на товарно моторно возило при царинење на возилото поднеле фалсификувана исправа за преференцијално потекло на стоката со цел истата да биде ослободена од плаќање царина. Ова е утврдено по извршена верификација на приложениот доказ за потекло на стоката со царински орган на земја членка на ЕУ, по што изготвено е решение со кое увозникот се задолжува да плати износ од 236.241 денар.

Во останатите четири случаи Секторот за контрола и истраги поднесе кривични пријави за четири лица заради основано сомнение фалсификување исправи со цел плаќање помали увозни давачки при увоз на глисери и возило со што е нанесена директна штета врз Буџетот во висина од 143.453 денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...