Шампионот во НБА лигата, Денвер изминатата вечер со пресврт славеше победа од 130:127 против Голден Стејт.
Херој за Денвер и во овој натпревар беше Никола Јокиќ кој освен што беше најефикасен ја постигна и клучната тројка за победа на неговиот тим. Српскиот кошаркар погоди скоро од половина терен од тешка позиција со човек пред себе.
Натпреварот Јокиќ го заврши со 34 поени, 10 асистенции и девет скока, блиску до него беше Гордон со 30 поени и девет скока, како и Мареј со 25 поени. Стеф Кари во редовите на Голден Стејт уфрли 30 поени, Томпсон 24.
Голден Стејт во последната четвртина водеше и со 18 поени разлика (123-105), пред да почне пресвртот кој го круниса Јокиќ. Со серија од 13-0, Денвер се доближи на 118-123, а мечот го заврши со уште една низа, овојпат од 10-0. Последните седум минути им припаднаа на Нагетс со вкупно 25-4.
Милвоки во вториот натпревар на гости славеше против Сан Антонио со 125:121. Во овој натпревар доминираше грчката ѕвезда Јанис Адетокумпо со дабл-дабл од 44 поени, 14 скока и седум асистенции.