Никола Јокиќ во новиот натпревар беше одличен и против Лос Анџелес лејкерс, го предводеше својот Денвер до првото место на Западот и влезе во историјата! Двократниот МВП на НБА стана само третиот кошаркар во историјата кој успеал да оствари трипл-дабл (87. во кариерата) без да промаши од поле. Српскиот центар имаше 14 поени, 11 скокови, 16 асистенции и шут од игра 5/5.
Тоа го направи за првпат на 20 октомври 2018 година, кога против Феникс постигна 35 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Останатите двајца кошаркари кои успеаја да го направат се Вилт Чембрлен и Дрејмонд Грин. Чембрлен во неколку наврати во кариерата имаше „перфектен“ трипл-дабл, а неговите бројки како и секогаш во кариерата беа фантастични. На натпреварот помеѓу Филаделфија и Балтимор булетс во 1967 година, тој постигна 42 поени со 30 скока и 10 асистенции без промашување.
Против Лејкерси во 1966 година како член на Сиксерси постигна 30 поени со 15 скока и 13 асистенции, додека на мечот со Лејкерс во 1967 година имаше 16 поени, 28 скока и 12 асистенции.
Грин постигна 20 поени на мечот со Њујорк никс во 2016 година без промашување од поле, а додаде и 10 скока и 10 асистенции. Една година претходно на мечот со Феникс имаше трипл-дабл со 14 поени, 10 скока и исто толку асистенции, исто така без промашување од поле.
НБА лига, резултати
Вашингтон визардс – Њу Орлеанс пеликанс 112:132
Бостон селтикс – Чикаго булс 107:99
Њујорк никс – Милвоки бакс 107:111
Мемфис гризлис – Сан Антонио спарс 121:113
Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс 122:109
Сакраменто кингс – Орландо меџик 136:111