Феникс максимално го искористи домашниот паркет за да израмни на 2-2 против Денвер и покрај фантастичната игра на Никола Јокиќ. Двете ѕвезди на Санс, Девин Букер и Кевин Дурент постигнаа по 36 поени во победата од 129-124. Јокиќ имаше фантастични 53 поени и 11 асистенции и од натпревар во натпревар испишува нова историјата. Србинот стана првиот центар во НБА-лигата со најмалку 50 поени и 10 асистенции на еден плејоф натпревар. Петтиот натпревар од серијата се игра во Денвер.
Во Источната конференција исто така е 2-2 помеѓу Филаделфија и Бостон. Сиксерс синоќа славеа со 116-115 по едно продолжение. Џејмс Харден имаше 42 поени за домашниот тим меѓу кои и решавачката тројка во дополнителното време. Жоел Ембид имаше 34 поени и 13 скока за Сиксерс. Кај Селтикс, Џејсон Тејтум имаше 24 поени и 18 скока, Џејлен Браун имаше еден помалку, а Маркус Смарт реализираше 21 поен. Следниот натпревар е во Бостон.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]