Јаревски за Груевски: Обидите за поделба на ВМРО-ДПМНЕ се залудни, ВМРО-ДПМНЕ е цврство и непоколебливо

Date:

„Имаме ситуација каде ВМРО-ДПМНЕ 6 години е под континуиран атак, не само од надвор, не само од власта, него и од сегменти на платена опозиција и патриоти на батерии кои се многу силни зад тастатура, серија на мали партии, како да ние сме проблемот на сите прашања“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во гостување на Радио Лидер.

Тој кажа дека се говори за ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ е јасна и концизна и секогаш е на страна на граѓаните.

Јаревски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има цврста поддршка од граѓаните да опстои на патот и позициите по кои оди и кои ги застапува. Тој рече дека раководство и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ излегле пред граѓаните и јасно кажале дека можат да веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и сите чекори досега што беа направени се во насока дека нивната доверба ќе биде оправдана.

„Имаме фактичка ситуација каде ВМРО-ДПМНЕ има најмалку двојно предност на сите релевантни анкети кои сега се во оптек и се разбира дека во таква ситуација нашите политички ривали или непријатели ќе ги искористат и ќе посегнат по сите средства и инструменти со цел таа фактичка состојба да ја променат и да стигнат до нивните лукративни цели. Во тој процес да се обидат да имаат намера или да направат дејанија со кои ќе се обидат да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ или во крајна цел да успеат да го поделат. Тие обиди ќе им бидат залудни, ВМРО-ДПМНЕ е цврство и нашата пратеничка група е непоколеблива, ќе опстоиме на ставот и нема да се случи нешто на што ние сме се обврзале дека ќе го направиме“, вели Јаревски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...