ЈАПОНСКОТО ЛЕТАЛО НА МЕСЕЧИНАТА ДОБИ СТРУЈА ПО 10 ДЕНА И ЌЕ ПОЧНЕ СО ИСТРАЖУВАЊАТА

Date:

Јапонскиот вселенски модул „СЛИМ“ продолжи со работа откако беше изгаснат една недела поради проблеми со напојувањето. Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАКСА) кажа дека повторно воспоставила контакт со „СЛИМ“, навестувајќи дека техничкиот проблем е поправен.

„Неговите соларни ќелии повторно работат откако промените во условите на осветлувањето му овозможиле да ја фати сончевата светлина“, соопшти ЈАКСА.

Модулот не можеше да генерира енергија откако слета на 20 јануари бидејќи соларните ќелии беа насочени подалеку од сонцето. Јапонија тогаш стана само петтата земја која успешно спуштила летало на Месечината, по САД, Советски Сојуз, Кина и Индија.

Модулот работел на батерија неколку часа, пред да биде исклучен, за да се овозможи враќањето на електричната енергија кога ќе се промени аголот на сончевата светлина. Најавено е дека тој ќе го анализира составот на карпите во потрага по назнаки за потеклото на Месечината.

„СЛИМ“ слетал на работ на кратерот Шиоли, на 55 метри од својата предвидена цел. ЈАКСА го опиша тоа како досега невидено прецизно слетување.

Статистички гледано, многу е тешко да се слета на Месечината и само половина од досегашните обиди биле успешни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...