Јаневска: За учебниците со грешки кои се фрлија во ѓубре се потрошија од 200 до 300.000 евра и нема одговорност

Date:

Проблемот со учебниците трае неколку години односно откако поранешната министерка Мила Царовска дефакто ги укина учебниците и ги забрани за тие да бидат дигитални.Но и дигитални учебници никогаш не добивме.Сегашниот министер после долго размислување и под притисок на јавноста одлучи да печати учебници, објаснува Весна Јаневска, претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република“.

Иако тој рече нема пари, пари за сѐ може да нема но за учебници мора да има.Особено што и законот за основно образование го обрзува министерството да достави учебници на први септември.Се појавија проблеми и со пишувањето на учебниците а потоа и со рецензијата.По концепцијата на Царовска Бирото доцна ги изготуваше програмите.Факт е дека за да се направи еден добар учебник не може да биде за еден месец.Авторите кои се нафатија да пишуваат по нарачка направија голем број грешки кои после мораше да се повлекуваат и дупло да се трошат средства.Рецензетските комисии беа исто така притиснати брзо да ја сработат работата што е неможно и затоа се појавија грешките и дел од солидните рецензенти се откажуваа затоа што се чесни луѓе и сакаат и сакаат да ја сработат работата како што треба.Проблем има и со јавните повици или тендери.Се објавува тендер па од непознати причини се повлекува без образложение или со образложение кое не држи.Се говори дека има фаворизирани фирми.Најсериозно е тоа што сите институции одговорни за печатењето одговорни за печатењето на книгите не си ја сфатија сериозно работата-ги набројува проблемите Јаневска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Најавена истрага за хонорарите на Историската комисија

Ќе се вклучат инспекциите и истражните органи за да...

Екплодираше рачна бомба на нива во Неготино, еден повреден

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било...

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...