Јаневска: Булинг има во училиштата во Македонија, но не се реагира за негово решавање

Date:

Пред година ВМРО-ДПМНЕ на владата и понуди шест комисии кои би и помогнале во справување со одредени проблеми и една таква комисија беше и за образование. Но од владата не добивме не добивме повратен одговор и го сфативме тоа како негативен одговор бидејќи нашата понудена помош не беше прифатена, вели Весна Јаневска, претседател на републичка комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.

Јаневска истакна дека булингот постои и во училиштата во Македонија, но за жал за тоа се зборува сега откако се случи страшната трагедија во Србија.

Ние почнуваме дискусии и дебати на медиумите тогаш кога ќе се случи некој трагичен настан како во Србија и кога консеквенциите се страшни. А врсничкото насилство и булингот постоеле и кај нас, но зошто ние  не обрнуваме внимание не е прашање за опозицијата, туку за владејачката партија, рече таа.

На прашањето кој е нејзиниот став во однос на тоа дека идеите на МОН се забрана на социјалните мрежи, поголемо присуство на психолози, рече дека според нејзе забраната на Тик Ток нема да го реши проблемот со врсничкото насилство.

Забраната на Тик Ток мрежата конкретно според мене не е решени, и ние како партија сме против цензура. Не сметам дека тоа ќе биде нешто кое што ќе помогне, додаде Јаневска.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...

Мециновиќ: Парламентот изгледа како зоолошка градина кога Левица ќе ги спомене патните трошоци

,,Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на...

Гвардиола зимава потроши 152 милиони евра, но нема тука да застане

Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања,...