Јанева секој ден излегува од ,,Идризово” и оди на работа

Date:

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.

Поранешната обвинителка работи во адвокатската канцеларија на својот син, Лазар Јанев. Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.

Оваа привилегија Јанева ја доби бидејќи одлежа поголем дел од казната, речиси пет години од досудените седум.

Поточно таа беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од 7 години беше преместена во ,,Идризово”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Секој трет граѓанин размислува да ја напушти Македонија

Секој трет граѓанин или 35,2% од населението размислува за...

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈА

Денеска на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет...

Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“

Во организација на граѓанското движење „Кој е следен“, денеска,...