Ѕверката од Сексот и градот ги отфрли обвинувањата за злоставувањето на жени

Date:

Актерот Крис Нот, познат и како ѕверката од „Сексот и градот“, се јави по обвинувањата од неколку жени дека сексуално ги нападнал. Нот ги негираше сите обвинувања, а сега за првпат им се обрати и на медиумите. За USA Today рече дека жените кои го обвинуваат се согласиле да се гледаат со него.

Објасни дека во моментов паузира од Холивуд поради и призна и дека ја изневерил сопругата, но дека тоа не е кривично дело.

„Одеднаш, многу луѓе сакаат да имаат секс со вас. Мислите дека ќе биде штета да го пропуштите. Се правдате, како и многу мажи, дека е само мал танц на страна и дека е забавно, дека нема да повредите никого, бидејќи никој нема да знае за тоа“, рече Нот.

Додаде и дека нема намера да се предаде и дека до крај ќе се бори за својата слобода.

„Нема само да се откажам и да кажам дека е готово. Тоа е лажна приказна и не е вистина. Не можам само да признаам. Јас сум актер. Имам и други работи што сакам да ги правам креативно. Морам да ги издржувам децата“, дополни тој.

За потсетување, Нот беше обвинет за сексуален напад од четири жени, а најпозната е кантавторката Лиза Џентил. Пејачката тврди дека актерот влегол во нејзиниот стан и насилно почнал да ја бакнува и допира по градите.

Инцидентот наводно се случил во 2002 година, а Лиза тврди дека до ден денес се плаши бидејќи Нот наводно ѝ се заканувал дека ќе и ја уништи кариерата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...