Актерката Тори Спелинг минатиот викенд беше забележана пред мотелот во кој престојува со петте деца, кои ги доби со сопругот Дин Мекдермот, кој пред неколку недели на социјалните мрежи објави дека се разведуваат, а потоа ја избриша таа објава.
Темата за развод сè уште е актуелна, а се претпоставува дека децата ќе продолжат да живеат со својата мајка.
Тори Спелинг (50) се појави во саботата пред мотелот во Лос Анџелес во кој една ноќ чини 100 долари. Некои веднаш ја споредија таа бројка со цената од 165-те милиони долари за куќата во која порасна актерката, а која беше во сопственост на нејзиниот татко, телевизискиот магнат Арон Спелинг. По неговата смрт, таа доби само 800.000 долари од неговите 600 милиони долари.
Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“, во која ја глумеше Дона, престојува во мотел со синот Лиам (16), ќерките Стела (19) и Хети (11), десетгодишниот Флин и шестгодишниот Бо.
Заеднички пријател изјавил дека Дин направил сѐ за да ја усреќи, но не добил никаква благодарност за вложениот труд.
Дин се смени, тој се обиде да биде добар сопруг, но таа бара уште. Сè што тој би направил или направил за неа не е доволно добро, изјавил изворот за „Дејли мејл“.
На 16 јуни, Мекдермот на Инстаграм објави дека тој и Тори се разделиле, а потоа ја избриша објавата. Изворот додал дека Тори ги злоупотребувала нивните брачни проблеми за да го привлече вниманието на медиумите и дека дури истрчала на улица со документите за развод знаејќи дека папараците ја чекаат.