Австралиската актерка Марго Роби конечно зеде заслужен одмор по неколкумесечна тешка промоција на нејзиниот најнов проект Барби.

Славната личност отиде да се одмори во друштво на своите 14 пријатели, плаќајќи за сите нив да престојуваат во луксузен стар замок на фармата Сохо во Оксфордшир.

33-годишната актерка потрошила 64.000 долари за да си обезбеди квалитетен одмор на себе и на своите најблиски на популарната дестинација за славните.

Марго, чија вредност се проценува на 38,5 милиони долари, ги почести своите пријатели и со личен готвач кој подготвуваше различни специјалитети, но и со луксузни спа третмани, коктел мајстор кој приготвувал алкохолни коктели за целосна релаксација, и активности кои вклучуваат гаѓање гулаби, возење велосипед и пинг понг. Заедно со Марго беше нејзиниот сопруг, 33-годишниот британски филмски продуцент Том Акерли.

Извор за Дејли меил објаснува: „Иако Марго е најжешката актерка на планетата во моментов, таа е неверојатно приземна и не сака ништо повеќе од тоа да поминува време со своите најдобри пријатели. Таа е повеќе од среќна што го споделува своето богатство со луѓето што ги сака и навистина е дарежлива“.

За време на првиот викенд, филмот „Барби“ во кој главната улога ја има Марго Роби заработи импресивни 360 милиони долари. Комедијата, базирана на истоимената играчка на Мател, ја надмина првобитната проценка од 155 милиони долари, а вкупната сума достигна 162 милиони долари само по премиерата на 21 јули.

Упатените предвидуваат дека филмот Барби би можел да ја надмине границата од милијарда долари заработка од прикажувањата ширум светот.

Филмот доби пофалби за актерската екипа, приказната и за феминистичките теми. Барби го означува и најголемото деби за филм во режија на жена (Грета Гервиг), надминувајќи го блокбастерот на Ана Боден и Рајан Флек од 2019 година, Капетан Марвел (153 милиони долари), според Variety.