Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по триумфот во сингл на фјучрсот во Хешингем, вчера постигна победа и во конкуренција на двојки.

Таа и Русинката Алена Фомина-Клоц кои се трети носителки ги совладаа Мариана Држиќ од Хрватска и Анита Вагнер од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Против кого ќе играат во четвртфиналето ќе биде познато по одигрувањето на мечот Тамара Чуровиќ (Србија) и Тања Малигина (Естонија) против Михаела Бајерлова (Чешка) и Анастасија Золотарева (Русија).

Денес во второто коло во сингл Ѓорческа ќе игра против Словенката Жива Фалкнер.