Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Хераклион, Грција.
Ѓорческа беше убедливо подобра од Софија Рокети, која ја совлада со 2-0 во сетови, со резултат 6-3, 6-1. 21-годишната тенисерка не можеше да се носи против поискусната Ѓорческа, која покажа зошто важеше за голем фаворит на овој дуел.
Македонката за место во полуфиналето ќе се соочи со шестата носителка Сиња Краус од Австрија (224. место на ВТА-листата).