[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа избори место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот што се игра на земјена подлога во Анталија (Турција) за награден фонд од 25.000 долари.
Лина е трет носител на турнирот, но денеска имаше навистина сериозен противник, тест против ривал кој бележи одлични резултати во оваа календарска година. Македонката на другата страна ја имаше Амариса Киара Тот од Унгарија, тенисерка која пред овој турнир славеше на друг фјучерс, односно во оваа 2024 година до пред овој меч имаше претрпено само еден пораз.
Интересна беше битката меѓу Ѓорческа и Киара Тот, првата „рунда“ и припадна на Унгарката со 6-4, но во наредните два сета тетовката возврати на исти начин и обезбеди пласман во наредната фаза.
Тара Вурт од Хрватка е нареден противник за најквалитетниот македонски рекет, ривал од кого Ѓорческа доживеа порази во 2022 и 2023 година.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]