Македонската најдобра тенисерка по пауза од еден месец се врати на терените со победа на турнирот во Астана кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Ѓорческа славеше победа против домашната тенисерка Ана Данилина. Македонката лесно се справи и победата ја најави веќе во првиот сет кој го доби со убедливи 6:1, во вториот и дозволи на противничката да освои четири гема. Мечот траеше нешто повеќе од еден час.
Утре Ѓорческа ја чека натпревар од второто коло против Белорусинката Ирина Симанович која денес одигра доминантно против Јапонката, Мојука Учиџима и ја доби со 2:0 во сетови, двапати по 6:1.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]




