Ѓорческа испиша историја, иако не стигна до победа

Date:

Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис, но загуби во првото коло на Вимблдон.

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го играше најважниот натпревар во нејзината кариера – прв настап на еден Гренд слем, и тоа на терените на Вимблдон, а и покрај поразот доби огромна поддршка од цела земја.

Со овој настап таа испиша историја во домашниот тенис, како прва Македонка што играла на еден Гренд слем (иако низ годините многупати играше квалификации, но никогаш не дојде до главната фаза).

Лина денес играше против шестата најдобра тенисерка во светот, Аманда Анисимова, која, пак, лани беше финалистка на овој турнир.

Анисимова сервираше прва и поведе 1:0 во гемови, по што нашата Лина изедначи на 1:1, но до крај го загуби сетот со 6:3.

Вториот сет почна со гем на Лина, која поведе 1:0, а Ѓорческа спаси и една меч топка на свој сервис.

Но американската тенисерка играше супериорно, па сетот заврши со резултат 6:2.

Натпреварот траеше еден час, а Лина ја доби целата поддршка на јавноста, и покрај поразот е нашиот спортски херој!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...