Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на вториот фјучерс турнир во Талин, Естонија.

На претходниот турнир Ѓорческа мораше да се предаде во финалето поради повреда, а сега обезбеди четвртфинале.

Вчера Ѓорческа беше подобра од Јустина Микулските со 2:1 во сетови 6:3, 5:7 и 6:4. Литванската тенисерка и направи проблеми на Македонија само во вториот сет, додека во решавачкиот нашата претставничка заигра многу подобро.

Следен противник на македонската тенисерка ќе биде Зејнеп Сонмез од Турција.