Ѓоковиќ се враќа на турнирот кој го има освоено само два пати

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој не доби право на настап на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, ќе паузира малку подолго пред да се врати на терените.

Ѓоковиќ последниот турнир го одигра во февруари, а на теренот нема да се врати до 8 април. Паузата е подолга од еден месец, а во меѓувреме ќе пропушти неколку турнири од АТП серијата 250 на кои можеше да игра.

Сепак, Ѓоковиќ реши да одмори и најважниот дел од сезоната да го дочека на земјена подлога во најдобра можна форма.

Така, неговиот прв следен турнир ќе биде турнирот Мастерс 1000 во Монте Карло, кој започнува на 8 април. Ова е турнир кој во кариерата го освои само двапати.

Ѓоковиќ во 2013 и 2015 година стигна до пехарот во Кнежеството Монако, што претставува една од најдолгите „суши“ на еден турнир во кариерата на српскиот тенисер. Во финалето во 2015 година, Ѓоковиќ го победи Томаш Бердих.

Под знак прашалник е дали ќе настапи шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој е и рекордер на Мастерсот во Монте Карло со 11 титули. Шпанецот има проблеми со повредата уште од Австралија опен, а доколку донекаде ја санира повредата, нема сомнеж дека ќе игра на еден од омилените турнири.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...