Ѓоковиќ помина одлично, го сакаше среќата на ждребот за Индијан Велс

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Новак Ѓоковиќ би можел да се сретне со Хуберт Хуркач во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, а потенцијални ривали во полуфиналето му се Даниил Медведев и Холгер Руне. Од другата страна пак се најдоа Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ е слободен на стартот, а во второто коло ќе игра или со квалификантот или со Александар Вукиќ, моментално 69. тенисер во светот. Третото коло треба да донесе пресметка со Томаш Ечевери, кого Ѓоковиќ лесно го совлада во Мелбурн, иако можно е таму да го чека и Кинезот Жижен Жанг.
Освојувачот на титулата во Дубаи, Иго Умбер е проектираниот ривал во осминафиналето, а таму може да игра и со Томи Пол, кој ја освои титулата во Далас и играше во финалето на Делреј Бич, пред да загуби во првото коло на Акапулко.
На патот на Хуберт Хуркач, кој треба да игра со Новак во четвртфиналето, се Монфис, Нори и Каспер Руд.
Освен Руне, Медведев најверојатно треба да ги победи Корда и Димитров пред потенцијалната пресметка со Новак. Рафаел Надал во првото коло ќе се сретне со Милош Раониќ, кој исто така се мачи со повреди во последните години. Канаѓанецот играше во Индијан Велс еднаш во финалето (2016), а уште три пати во полуфиналето.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...