Новак Ѓоковиќ по 13-ти пат во кариерата се пласираше во полуфиналето на УС Опен. Воедно, по 47. пат влезе меѓу четирите најдобри на Грен слем турнирите, надминувајќи го Роџер Федерер и стана најдобар на сите времиња во тој сегмент.
Играчот со најмногу трофеи во историјата на тенисот го победи Американецот Тејлор Фриц во три сета 6:1, 6:4, 6:4. Негов следен ривал исто така ќе биде Американец, подобар од мечот Шелтон-Тиафо.
-Очекувано беше публиката да навива за домашниот играч, ништо лошо во тоа, уживам во атмосферата, важно е да ја искористиме енергијата како гориво за да играм подобро. Овде одиграв многу епски натпревари, се надевам уште еден во петок“, вели Ѓоковиќ.
А кога сме кај публиката еден момент по мечот на сите и влезе во очи. Иако помалубројна, сепак Србинот не беше без поддршка. А ја имаше и од Македонци.
Ова Ноле знаеше да го испочитува како и многупати досега. Па така замина кон трибините каде подели автограми на нашинците кои со себе носеа македонско знаме и го истакнаа.
Очекувано, овој потег наиде на воодушевување и радост кај Македонците кои добија вечен спомен од еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]