Штруф освои нестварен поен против Ѓоковиќ, па режираше голема сензација во Базел

Date:

Новак Ѓоковиќ доби специјална покана за да настапи на турнирот во Базел со цел да собере што е можно повеќе поени во трката за завршниот Мастерс во Торино, но после тешката воведна рунда во која славеше над Иго Имбер, Србинот денеска беше сопрен во втората.

Осминафиналето против Јан Ленард Штруф во принцип требаше да претставува полесен предизвик за Ноле со оглед на минатото искуство кое го имаше во дуелите со германскиот тенисер (до вечерва водеше 8:0), но денеска се соочи со најдобрата верзија на 36-годишникот кој на крајот режираше голема сензација во Базел.

47-от тенисер на АТП листата одигра еден од најдобрите мечеви во својата кариера, особено во вториот и третиот сет кога играше на завидно ниво во сите клучни ситуации.

Иако го загуби првиот сет во тајбрејкот, Штруф не се откажа и возврати во вториот правејќи брејк во 12-от гејм за 7:5, а потоа двајцата тенисери играа извонредно и ги чуваа своите сервиси се до тајбрејкот во третиот сет.

Покрај тоа што освои еден нестварен поен во воведот на вториот сет, Штруф може да биде горд што ги одбрани сите шест брејк топки со кои се соочи, но и на фактот што имаше доволно нерви во одлучувачкиот тајбрејк за да слави со 7:5 користејќи ја третата меч топка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...