„Што мисли која е таа?“: Ања Тејлор Џој ги разбесни обожавателите поради своето арогантно однесување во Кан

Date:

Актерката Ања Тејлор Џој, која моментално го промовира својот нов филм „Фуриоза: Сага за Лудиот Макс“, најновиот дел од франшизата „Лудиот Макс“, предизвика лавина реакции поради нејзиното однесување кон обожавателите во Кан, Франција.

Имено, на интернет кружи видео на кое Ања, опкружена со обезбедување, поминува покрај обожавателите кои од неа бараат автограм.

Таа неволно потпишала неколку фотографии, а потоа ја искористила својата гломазна шапка да го скрие лицето за да не може толпата да ја фотографира. Таа со избрзан чекор стигна до автомобилот и седна на задното седиште без да погледне назад кон насобраната толпа што ја следеше.
Нејзиното, според многумина, арогантно однесување го збесна тимот на интернет.

„Што мисли која е таа?“; „Каква ароганција. Полека девојче, сите ќе завршиме на исто место на крајот“; „Таа е толку препотентна. Вака нејзината слава нема да трае долго“; „Луѓето не разбираат дека скромноста и понизноста се привлечни. Таа е само арогантна“, се дел од стотиците коментари.

Но, се огласија и оние кои се обидоа да ја оправдаат и напишаа дека актерката не гледа добро поради капата и наочарите и затоа така се однесувала.

Инаку, актерката во едно неодамнешно интервју изјави дека знаела дека снимањето на „Фуриоза“ ќе биде тешко, но дека не била подготвена за тоа што ја чека. Иако не сакала да навлегува во детали, актерката изјави дека ѝ биле потребни две години да се опорави по завршувањето на снимањето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...