Шпанците доминираат: станаа светски шампиони и во категоријата до 15 години

Date:

Репрезентацијата на Шпанија до 15 години испиша историја, откако го освои премиерното издание на Светското првенство и фестивалот на ФИФА за оваа возрасна категорија.

Шпанските надежи во финалето во Баку ја декласираа селекцијата на Чешка со убедливи 3-0 и го освоија трофејот во најсилната дивизија на новото натпреварување. Финалниот дуел се одигра во салата „Баку Кристал Хол“, а правдата ја делеше домашниот ФИФА-судија Алијар Агајев.

На турнирот, кој се одржуваше во главниот град на Азербејџан од 24 октомври до денеска, учествуваа репрезентациите на дури 189 национални федерации. Натпреварувањето имаше поинаков формат од класичниот фудбал, секоја екипа настапуваше со осум играчи, а натпреварите се играа во две полувремиња од по 20 минути. За Шпанија ова е втора светска титула во краток период, откако летово се радуваа и на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Меѓу учесниците беше и Македонија, предводена од селекторот Горан Станковски. Сепак, младите македонски фудбалери не успеаја да ја минат првата фаза од турнирот.

Првото издание на ова натпреварување ќе се памети и по несекојдневниот инцидент на средбата меѓу Англија и Боливија. По контроверзна судиска одлука и досуден пенал за Англичаните, боливискиот голман одби да го брани ударот во знак на протест, што предизвика хаотични сцени на теренот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...