Шпанија излезе како победник од дербито со Англија во рамките на првото коло во Лигата на нации, меч од лига А што се одигра на „Вембли“.
Двете селекции понудија отворен, атративен фудбал со пресврти и драматична победа на актуелниот светски првак од 3-2.
Јамал уште на самиот старт го отвори резултатот (2) користејќи ја грешката на дефанзивецот Геји. Потоа Шпанците не искористија неколку прилики за зголемување на водството, промашувања за кои стигна казна и Англија од 36 до 40 минута постигна два гола преку Гордон и Кејн и со 2-1 замина на одмор.
Во 54 минута „гордиот албион“ доби удар од 11 метри кој не беше искористен од страна на Кејн, па тоа донесе нова енергија кај „црвената фурија“ која преку резервистите Баена и Ојарзабал се погрижи за нов пресврт и славје во Лондон.
Славен Билиќ пак имаше победничко дерби на клупата на Хрватска и тоа против Чешка. Модриќ и Пашалиќ стрелаа за „коцкестите“ на ова гостување во кое за домаќините реализираше Карабец.





