Шпанија со 5-1 ја прегази Украина, а Англија со убедливи 3-0 го совлада Израел во вчерашните полуфинални мечеви на Европското првенство до 21 година.
Украина добро го отвори мечот, Бондаренко уште во 13. минута погоди за водство од 1-0, но тоа само ги налути Шпанците.
По само четири минути игра Руиз изедначи на 1-1, а во 24. минута Санчет погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1. Со тој резултат се замина на одморот.
Во вториот дел голови дадоа и Бланко, Ороз и Гомез за конечна победа на Шпанија од 5-1.
Тие во финалето ќе играат против селекцијата на Англија која со 3-0 славеше над Израел.
Гибс-Вајт кој на почетокот од мечот промаши пенал, во 42. минута даде гол за водство на Англија, во вториот дел погодија и Палмер и Аршер.