Шон Пен се појави со 34 години помладата девојка на црвениот тепих и ја потврди врската

Date:

Шон Пен и неговата девојка, манекенката и актерка Валерија Ницов, викендов дебитираа како пар на црвениот тепих по повод 21. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш. И, сите погледи во Мароко и пошироко беа насочени токму кон нив.

Пен (64) се појави во класичен костум и вратоврска, додека Валерија Ницов (30) блесна во црн фустан без прерамки со прекриен преден дел. Сокривајќи ја својата фигура во обемниот фустан, молдавската манекенка со шминката го истакна својот блескав тен.

На 21. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Пен доби признание на филмскиот фестивал за неговата успешна кариера како актер и режисер.

Инаку оскаровецот и неговата многу помлада девојка се поврзуваат од почетокот на септември, кога беа забележани како страсно се бакнуваат и се држат за раце додека шетаат во Мадрид. Тие потоа беа „фатени“ како се бакнуваат на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес на почетокот на октомври. Двојката полета за Париз подоцна истиот месец, каде што беа видени прегрнати додека се шетаа по улиците.

Парот до сега не се огласил во јавноста за нивната врска, а нивното заедничко доаѓање на црвениот тепих, по повод еден ваков важен момент за актерите, е дефинитивна потврда за нивната врска.

Валерија, која потекнува од главниот град на Молдавија, Кишињев, зборува седум јазици и моментално живее во Франција, каде глумеше во хитот на Нетфликс „Емили во Париз“.

Да потсетиме, актерот зад себе има три пропаднати брака. Тој беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, а потоа во 1996 година се ожени со Робин Рајт, од која се раздели во 2010 година, со која има две деца. Тој по една година брак се разведе од австралиската актерка Лејла Џорџ, која беше 32 години помлада од него.

После тоа, тој беше виден како се забавува со украинската актерка Олга Короткова, 19 години помлада од него, а потоа и со австралиската актерка Натали Кели, 24 години помлада од него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...