Шокантни тврдења на наследникот на „Реј-бан“: Бев зависен од дрога и спиев со 2.000 жени

Date:

Наследникот на брендот „Реј-бан“, Леонардо Марија дел Векио (31), ја шокираше јавноста со изјавата дека бил зависен од дрога и дека спиел со повеќе од 2.000 жени. Како причина го навел тоа што „неговиот татко никогаш не го сакал“, а притоа остро го критикувал раководството на компанијата во чија сопственост е „Реј-бан“, пренесува „Њујорк пост“.

Дел Векио, чие богатство се проценува на повеќе од 5 милијарди долари, ги изнел тврдењата среде горчливата битка за наследство што би можела да ја одреди иднината на компанијата „ЕсилорЛуксотика“, која е сопственик на брендовите за очила како што се „Окли“, „Персол“, „ЛенсКрафтерс“ и „Реј-бан“.

Леонардо, кој е познат по својата љубов кон Ферари автомобилите и диџејството, гостувал во поткастот на познатиот италијанск рапер Федез, каде што открил досега непознати детали за својот живот. Тој рекол дека станал зависен од опојни средства затоа што неговиот покоен татко „му дал сè освен љубов“.

– Празнините што ги чувствував ги пополнував со дрога – рекол тој, додавајќи дека консумирал бензодиазепини, лекови што се препишуваат за анксиозност и нарушувања на спиењето.

– Таа темнина беше исполнета, и тоа како, со дрога – рекол тој, подоцна сугерирајќи дека тој мрачен период го оставил зад себе откако ја добил ќерката Бјанка.

– Сè уште не сум се фатил за тоа со сета сила, па не тврдам дека се ослободив од тоа засекогаш, но да, овој пат ја гледам светлината. Можете да ги лекувате симптомите, но мора да ја согледате причината, а лековите не ви дозволуваат да ја видите – тие се, всушност, нејзината последица – рекол Дел Векио.

Дел Векио, кој е сопственик на познат ноќен клуб во Милано, споделил и детали за својот љубовен живот.

– Можам да кажам дека веројатно сум водел љубов со повеќе од 2.000 жени, а повеќе од 90 отсто од нив ги освоив пеејќи ја „Hero“. Проблемот со песната „Hero“ е тоа што, ако ја испееш третпат, го губиш гласот – но сепак функционира – рекол тој, алудирајќи на хитот на поп-ѕвездата Енрике Иглесијас од 2001 година.

Леонардо е еден од осумте наследници на огромното богатство што го оставил татко му, а во последно време е вклучен во жесток конфликт околу контролата врз компанијата. Дел Векио во текот на летото ја напуштил својата позиција како директор за стратегија во компанијата „ЕсилорЛуксотика“ и претседател на брендот „Реј-бан“, изјавувајќи дека ќе се посвети на „нови претприемачки проекти“. Исто така, неодамна не успеал да ја добие поддршката од семејниот холдинг за 10 милијарди евра потребни за откуп на акциите на неговите браќа и сестри.

Леонардо во новото интервју го прозвал сегашниот извршен директор на компанијата, Франческо Милери, кој бил негов ментор и човекот што неговиот татко лично го избрал да го води бизнисот. Компанијата во последно време забележала значителен пад, па оваа година акциите изгубиле околу 46 отсто од вредноста.

– По мојот татко немаше соодветна визија. И тоа не го тврдам јас, туку пазарот. Тука не станува збор за мојот личен однос со Франческо – рекол тој, додавајќи дека Милери не ги остварил очекуваните резултати.

Поради неговите нови изјави Дел Векио повторно се најде во центарот на вниманието, по претходните контроверзии. Во 2023 година тој се сврши со ѕвездата од сапуници Џесика Серфати и својата врска не ја криеја од јавноста. Меѓутоа, Серфати го обвини Леонард за насилство. Таа брзо ги повлече обвиненијата, но подоцна изјави дека била принудена да го стори тоа.

Инаку, Џесика Серфати долго време беше во врска со Ед Вествик, кој многумина го паметат по улогата на Чак Бас во „Озборувачка“. Таа, исто така, беше свршена со извршниот директор на „Фајрфлај“, Кан Гунај во 2019 година, се забавуваше со јутјуберот Логан Пол, а претходно беше во врската со Ниал Хоран од „Уан дајрекшн“.

Освен тоа, наследникот Леонардо Марија дел Векио претходно пријавил долг од околу 950 милиони евра, вклучувајќи околу 500 милиони евра лични долгови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Роберт Патинсон официјално е избран за новиот...

Греми 2027: Реј предводи со 11 номинации, го изедначи рекордот на Бијонсе

Британската пејачка Реј ја предводи листата со номинации за...

Автобус со млади жени пристигна на 52. роденден на Ди Каприо, фотографиите предизвикаа реакции

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо го прослави својот 52....

Џенифер Лопез се изнасмеа на коментар за нејзините четири брака

Пејачката и актерка Џенифер Лопез се насмеа до солзи...