Актуелниот НБА првак Голден Стејт претрпе пораз на свој терен од директниот ривал за место во плејофот, екипата на Минесота. Гостите победија со 99:96, па сега Минесота има 38 победи и 37 пораз и е на седмото место, додека Голден Стејт е на шестата позиција со 39 победи и 37 порази. Тоа значи дека до крајот на регуларниот дел, пеколна ќе биде борбата за Топ 6, кои директно носат пласман во плејофот.
Минесота водеше во поголем дел од средбата, а гостите во последнат четвртина имаа и предност од девет поени (84:75). Голден Стејт успеа да направи пресврт и на 15 секинди до крајот домаќините водеа со 96:95 и имаа напад. Сепак, наместо да ја држат топката до крајот и да добијат фаул, тие успеаа да ја загубат, односно Андерсон да ја украде, а потоа Карл-Ентони Таунс да постигне и тројка која беше клучна за победа на Минесота.
Резултати: Атланта – Мемфис 119:123, Бостон – Сан Антонио 137:93, Кливленд – Хјустон 108:91, Орландо – Бруклин 119:106, Торонто – Вашингтон 114:104, Портланд – Оклахома 112:118, Голден Стејт – Минесота 96:99.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]