Шкендија со висок пораз на реваншот во Самсун го заврши настапот во Kонференциската лига

Date:

Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостински терен од Самсунспор со 4-0 во реванш натпреаврот од плејофот во Конференциската лига и со вкупен резултат од 5-0 претрпеа елиминација во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Актуелниот македонски првак со умерен оптимизам допатува на реваншот во Самсун, надевајќи се дека може да ја анулира негативата од 1-0 од првиот натпревар пред една недела во Скопје.

Избраниицте на Јетон Бекири добро влегоа во натпреварот и веќе во седмата минута преку Ндезенгуе не реализираа идеална шанса за водство.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Трумчи на почетокот на вториот дел направи наивен прекршок во шеснаесетникот, а Нчам од пенал му донесе водство на Самсунспор во 53 минута.

Ндиам во 71 минута ја зголеми предноста на турскиот тим, додека точка на победата на Самсунспор стави Мариус со два гола во продолжението (78, 90+2).

Со вечерашниот пораз Шкендија ја заврши својата европска сезона во која испиша историја и стана првиот македонски клуб кој настапи во нокаут фазата во европските купови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...