Шест гола и спектакл за паметење, Барса и Интер ремизираа на „Монжуик“

Date:

Екипите на Барселона и Интер го одиграа еден од најдобрите и највозбудливите натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите. Во првиот полуфинален дуел лидерот на Примера и шампионот на Италија ремизираа со по три постигнати гола, во натпревар со ревија од евроголови на двете страни. 

Средбата на „Монжуик“ започна  со непосакуван удар за домаќините, затоа што Интер поведе уште при првиот напад. Се играше триесеттата секунда, кога Дамфрис испрати прецизен центаршут во срцето на казнениот простор на домаќинот, а Турам одново покажа класа и со магична пета го измами Шчесни и на својот тим му донесе почетна предност.  За францускиот напаѓач, кој беше под знак прашалник за овој натпревар, ова беше четврти погодок во Лигата на шампионите оваа сезона, на дванаесет одиграни натпревари. 

Прекрасниот погодок на Турам беше само еден вид на најава на она што следуваше во продолжение. Во 21. минута асистентот на првиот погодок Дамфрис одлично се снајде во казнениот простор на Барса и со „ножички“ ја смести топката зад грбот на Шчесни за огромни 0-2 на Интер. Сепак, само три минути подоцна на сцена стапи Ламин Јамај, кој по неверојатна соло акција и супер-завршница ја врати Барса на негатива од само еден гол (2-1).  Веќе во следниот напад, младиот шпански ас изведе нова „магија“, но овој пат среќата беше на страната на Зомер, затоа што ударот на Јамал заврши во стативата. Но, иницијативата на Барса вроди со плод во 38. минута, кога замената на повредениот Роберт Левандовски, Феран Торес се најде на вистинско место и со рутинска завршница израмни на 2-2, резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел започна со далеку помирна и игра без поголем ризика, но во 64. минута следуваше нов корнер за миланскиот тим и трета капитулација на Шчесни. На 2-3 зголеми Дамфрис со глава, ама и овој пат радост на „нероазурите“ не траеше долго, затоа што веќе во следниот напад Рафиња испрати „бомба“ по која топката од пречката удри во грбот на Зомер и заврши во мрежата за 3-3. 

Лудото дерби во Барселона можеше да заврши и со победник, доколку на едната страна Михтарјан не се најдеше еден сантиметар во офсајд, додека на спротивната Јамал беше за малку попрецизен по мајсторскиот удар во 86. минута која заврши во пречката. Вака во Милано ќе се замине без предност на ниту една екипа (3-3).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...