Шеснаесетзрачното сонце е дел од македонскиот вековен идентитет, Продолжи судењето на адвокатот Менкиноски за поставувањето на сонцето од Кутлеш, од МВР не се појавија

Date:

Со развиорени знамиња, во еден глас пеејќи ја македонската химна пред охридскиот Основен суд под слоганот “Денес над Македонија се раѓа ново сонце “,се одржа собир за поддршка на адвокатот Тони Mенкиноски кој за христијанскиот празник Водици, на бедемот на Самоиловата тврдина го постави 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш. Полицијата против Менкиноски поведе прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир.

-“Да живее Македонија и живее, никогаш нема да умре да знаат сите што се во Македонија, ние во светот сме Македонци, а овде не бришат во Македонија, не може така. Ова денеска многу ме бендисува, затоа што гледам дека Македонија од ново се раѓа, македонскиот народ се крена, се осознај и нема веќе страв. Ние бранејќи го Тони Менкиноски се браниме себе си, ова знаме е на сите македонци, ова знаме значи љубов, гордост, постоење, опстанок, иднина”

Во барањето за поведување прекршочна постапка стои дека на западниот ѕид од Самоиловата тврдина сум го поставил знамето со сонцето од Вергина, сметам дека ова е провокација,во македонска држава да се користи грчки топоним. Јас го поставив знамето со 16 кракото сонце од Кутлеш, истакна адвокатот Менкиноски во својот исказ пред судот.

И покрај што беа уредно поканети, во судницата не се појавија претставници на МВР.

“Очигледно дека МВР бега од средба и пулените на Оливер Спасоски не дојдоа денеска да ни објаснат како тоа ние сме го нарушиле јавниот ред и мир. Јас не се чувствувам воопшто виновен, да горд сум со тоа што го истакнав македонското знаме,но не се чувствувам виновен дека сум го нарушил јавниот ред и мир.Не постои ниту еден закон, меѓународен договор, билатерален, или мултилатерален кој може да ме спречи мене како македонец да не го развеам македонското знаме” –рече Менкоски.

Доколку и на 26 септември за кога е закажано продолжението на судскиот процес, не се појават 4-цата претставници на МВР кои јас ќе барам судот да донесе ослободителна пресуда која ќе значи слобода за нас Македонците. Ова не е битка за мене ова е битка за Македонците исто така што ја водевме во Стразбур за Македонците од Пиринска Македонија и сега вие во една слободна држава да не смееме да го развееме македонското знаме,поголем апсурд од ова нема – рече Менкиноски.

Знамето со сонцето од Кутлеш не e фашистички симбол

Проф. д-р Гордан Калајџиев, експерт по кривично право, оценува дека употребата на знамето на кое е претставено сонцето со шеснаесет зраци не е регулирана со закон, оттука не може да биде санкционирана неговата употреба.
– Со Законот за употреба на знамињата е регулирана употребата на државното знаме и знамињата на странски држави, употребата на други знамиња е во сферата на слобода на изразување. Исклучок се знамиња и симболи што се изричито забранети, како фашистичкото знаме или слично – вели Калајџиев.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Зендеја го најави враќањето на „балон-здолништата“ во мода

На крајот од Модната недела во Париз, и Зендеја...

Моника Белучи пред својот 60-ти роденден позираше само со бела кошула и високи потпетици

Актерката Моника Белучи (59) неодамна повторно е во центарот...

Селена Гомез за статусот милијардерка: Благодарна сум, но невкусно е да се зборува за пари

Селена Гомез неодамна постигна уште еден голем успех во...

Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи...