Вечно младата Шер, 2023 година ја дочека во друштво со своето момче Александар „АЕ“ Едвардс. Легендарната 76-годишна пејачка поттикна уште повеќе шпекулации дека се верени со 40 години помладиот музички продуцент, објавувајќи нивни заедночки фотографии на социјалните мрежи како се забавуваат на новогодишната ноќ.

На фотографиите Шер радосно се насмевнува додека Едвардс ја бакнува во образот. А, деталот што посебно привлече внимание е прстенот што го носи пејачката.

„Среќна Нова година, татичко“ – напишала Шер покрај фотографијата.

Шер неодамна рече дека сфаќа дека нејзината врска со 40 години помладиот Александер Едвардс на другите им изгледа „чудно“, но нагласи дека и двајцата се возрасни и дека „љубовта не познава математика“.