Шер сними албум со божиќни песни и го посвети на мајка ѝ

Date:

Шер ќе издаде албум со божиќни песни, кој ќе носи наслов „Божиќ“. Ова е прв нејзин албум по пет години пауза.

„Едноставно, досега не сакав да го направам. Не знаев како би снимила божиќен албум на Шер“, изјави 77-годишната пејачка и актерка.

Шер  морала повторно да го пронајде својот глас, имајќи предвид дека не пеела откако поради коронавирусот мораше да го откаже настапот во Оклахома Сити на 12 март 2020.

„Ѝ се јавив на мојата учителка по пеење Адриен Ејнџел, која има 96 години и се дружевме и заедно работевме секој ден. Кога фатив микрофон, можев да пеам. Имам многу млади гласни жици“, кажа Шер.

На својот божиќен албум таа има дуети со Стиви Вондер, Синди Лопер, Мајкл Бубле и раперот Тајга и вели дека првпат во кариерата соработува со други пејачи на ваков начин.

„Албумот ‘Божиќ‘ е посветен на мајка ми Џорџија Холт, која почина неколку дена пред празниците лани. Но, овој албум не го сметам за терапија или начин да се сеќавам на неа. Јас мислам на неа цело време“, кажа Шер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...