Шеесет компании со фиктивни проекти испрале 3.2 милиони евра од Фондот за иновации

Date:

Околу 60 компании со различни дејности добивале пари од државата за иновации и развојни проекти, а наместо да ги реализираат тие или имале проекти без резултати или станувало збор за фантомски проекти, со што го оштетиле буџетот за 3,2 милиони евра, изјави в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Никола Додов. Внатрешната ревизија покажала сериозни неправилности, а спротивно на одредбите од законот за иновациска дејност, а пари добивале и десетици приватни здравствени установи за време на ковид кризата.

„Како дел од ревизијата која е во тек, посебно внимание посветуваме на едно од клучните прашања – по кој законски основ и по која постапка приватните здравствени установи станале корисници на средства од фондот за иновации и технолошки развој. Во моментот, станува збор за околу 50 приватни здравствени установи кои во изминатите пет години биле корисници на средства од фондот. Во тек е посебната ревизија за ова прашање и веднаш штом ќе добиеме информации јавноста ќе биде благовремено информирана„, рече Никола Додов директор на Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР.

Во последните неколку години Додов вели дека пари за проекти во неколку наврати добивале два града во земјава, кои според него се фаворизирани од претходното раководство, но не сакаше да открие за кои станува збор. Повеќе фирми добивале грантови за слични или исти проети, а ревизијата дошла до информации дека големи суми на пари од фондот добивала фирма блиска со функционери од СДСМ и ДУИ, чиј сопственик управувал со уште четири фирми кои исто така црпеле пари од фондот.

„Станува збор за компанија која е во непосредна роднинска врска со високи функционери од владата на СДСМ и ДУИ и добивала значителни финансиски средства од државните фондови. Согласно нашите истражувања управителот на компанијата не само што добива финансиски средства од фондот туку истата личност управува со други четири различни фирми кои исто така добиваат средства од фондот„, додаде Никола Додов директор на Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР.

Загрижувачки е тоа што скоро 80 проценти од средствата кои ги добиваат од овие компании се префрлуваат на иста компанија за иста услуга и тоа во текот на проектните активности.

Неправилности биле утврдени и во однос на делот со човечките ресурси. Додов рече дека голем дел од вработените воопшто не доаѓале на работа, а дел од нив со договор меѓу себе се ротирале и доаѓале на работа преку еден работен ден. Директорот на пресконференцијата не соопшти ниту едно име на фирма инволвирана во злоупотребите, а информираше дека новото раководство на фондот досега извршило поврат на околу 600 илјади евра и дека во наредниот период ќе се изврши целосна наплата на сите долгови, пренесува Алсат.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...