Швајцарија ја однесе победата на Евровизија, преставникот на Хрватска заврши втор

Date:

Финалето на натпреварувањето остана во сенка на дисквалификацијата на претставникот на Холандија, Јост Клајн, неколку часа пред почетокот на програмата, во која настапија претставници на 25 земји, како и пропалестинските протести против учеството на Израел на изборот за песна на Евровизија

Швајцарија е победник на изборот за песна на Евровизија што се одржа во шведскиот град Малме. Земјата ја преставуваше изведувачот Немо, чија песна со наслов „Код“ (The Code) освои вкупно 591 поен, пренесуваат агенциите.  

Второто место, според бројот на освоени поени, го зазеде хрватскиот претставик Бејби Лазања, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, со песната „„Рим Тим Таги Дим“, која претходно беше фаворит на овогодинешниот натперевар за најдобра песна на Евровизија. 

Немо од Швајцарија и ја донесе на земјата третата победа на Евровизија, која годинава се одржа по 68, пат. Претходно Швајцарија на Евровизија триумфираше во 1988 година со песната „Ne partez pas sans moi“ во изведба на Селин Дион.  

Финалето на натпреварувањето остана во сенка на дисквалификацијата на претставникот на Холандија, Јост Клајн, неколку часа пред почетокот на програмата, во која настапија претставници на 25 земји. 

Финалето за песна на Евровизија беше одбележано и со протест на десетици илјади пропалестински демонстранти кои излегоа на улиците на Малме. Луѓето кои се приклучија на собирот протестираа против учеството на Израел на натпреварот поради војната во Газа.  

Групата демонстранти кои се собраа на централниот плоштад на шведскиот град домаќин пред да се упатат кон местото на натпреварот, вееја палестински знамиња и извикуваа „Евровизија обединета со геноцид“ – варијација на официјалниот слоган на настанот „Обединети од музиката“. 

Агенцијата АФП пренесе дека полицијата ги растерала демонстрантите собрани околу Арената во Малме, каде што се одржа финалето на Евровизија.

Инаку, претставничката на Израел, Еден Голан заврши на петтото место со освоени 332 поени. Нејзиниот настап, како што пренесоа светските медиуми помина со измешани реакции од публиката. 

Претставникот на Холандија Јост Клајн беше дисквалификуван од учество во финалето, поради инцидент кој според Европската радиодифузна унија (ЕБУ) не можело да биде толериран. 

Националната новинска агенција на Холандија, АНП, соопшти дека според нивните информации се истражува наводен инцидент на пејачот со вработена во Евровизија и дека полицијата започнала темелна истрага за конкретниот случај.  

Ова е првпат во историјата на Евровизија претставник на некоја земја да биде дисквалификуван за време на настанот. Клајн требаше да настапи како петти во финалето со песната „Европапа“. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...