Шанкер од Австралија нелегално од банкомат подигнал 1,6 милиони долари

Date:

Ден Сандерс, шанкер од Австралија, пред неколку години случајно открил грешка во банкомат, а потоа истиот му исплатил 1,6 милиони долари. После 5 месеци завршил зад решетки.

Ден излегол на пијалак со пријателите, а потоа отишол до банкомат за да подигне пари. Банкоматот му овозможил да подигне многу повеќе пари од тоа што го имал на располагање. По неколку обиди, 29-годишниот маж сфатил дека пронашол дупка во системот и така на кратко се збогатил.

Следниот ден се јавил во банката и открил дека нема неправилности во системот.

Ден сфатил дека меѓу 1 и 3 часот наутро тој банкомат се исклучува од мрежата, што му овозможува да подигне рекордна сума на пари, која не е регистрирана. Во рок од неколку недели успеал да префрли 20.000 долари.

Ден парите ги трошел на скапи ресторани, пијалаци и приредувал приватни забави секој викенд. Исто така им ја исплатил школарината на пријателите, а на еден му платил студирање во Франција. На овој начин потрошил вкупно 1,6 милиони долари.

Набрзо почувствувал грижа на совеста, па ја контактирал банката. Тогаш му било кажано дека ќе повикаат полиција. Ден бил уапсен по 111 точки од обвинението за измама и кражба.

Излегол од затвор во мај 2016-та, откако таму минал една година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...