Шакира го откажа концертот, се огласи од болница

Date:

Колумбиската пејачка Шакира го откажа концертот во Лима откако беше хоспитализирана поради проблеми со желудникот.

Таа на своите профили на Инстаграм и Икс објави дека во моментот е хоспитализирана и дека лекарите ја известиле дека не е во состојба да настапи, пренесува АП.

„Многу сум тажна што денес нема да можам да излезам на сцена. Бев длабоко емотивна и возбудена поради повторното обединување со мојата сакана перуанска публика“, напиша Шакира.

Таа додаде дека планира да го одржи овој концерт што е можно побрзо и дека нејзиниот тим и промотерите веќе работат на нов датум.

Пејачката пристигна во Перу во петок навечер, каде што требаше да настапи во недела и понеделник. Оваа земја е втората станица на нејзината латиноамериканска турнеја.

Турнејата на Шакира продолжува низ Латинска Америка, а во мај ќе се упати во Канада и САД за серија концерти што ќе траат до јуни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...