Тригодишно момче преживеа шест дена под урнатините по разорниот земјотрес во Венецуела, соопшти јорданскиот спасувачки тим кој учествува во потрагата по затрупаните.
Спасувачите објавија и видео од моментот кога момчето, по име Клебер Моран, беше извлечено живо од урнатините во венецуелската сојузна држава Гуаира, објави 4news.mk Неговото име го соопшти привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез.
„Спасувањето на детето е момент на надеж за Венецуела“, изјави таа.
Во меѓувреме, Обединетите нации предупредија дека на десетици илјади луѓе итно им се потребни храна и засолниште, објави 4news.mk
Венецуела на 23 јуни беше погодена од два силни земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Бројот на загинати достигна 1.943, повеќе од 10.000 лица се повредени, а по десетици илјади сè уште се трага.
Според првичните проценки, изработени врз основа на сателитски снимки на НАСА, околу 58.870 згради се оштетени или целосно уништени.
На Клебер веднаш му била укажана прва помош, по што бил пренесен во болница. Од Јорданската цивилна заштита информираат дека покажува позитивни знаци на функционирање на виталните органи.
Тој се лекува во главниот град Каракас, соопшти претседателот на венецуелското Собрание, Хорхе Родригез.
Date: