Христовото раѓање e суштината на христијанството, религија на љубовта.
Христијанството е пожртвувана љубов и верба во Бога. Кога верата слабее тогаш гасне и љубовта, а без љубов нема надеж и радост, со порака од монахињите од манастирот Света Богородица Пречиста Кичевска. Секој христијанин треба да има љубов. Раѓањето на Христа не научи на љубов на верба и кога е најтешко кога се љуби и сака Бог е тука со нас. Божиќ најрадосниот ден во христијанството. Манастирите секогаш во духовен мир, со посебна енергија, мирно и спокојно го одбележуваат ден на неговото раѓање. Литургии и молитви за здравје, среќа и љубов. Манастирот Света Богородица Пречиста Кичевска со симболот на овој манастир – чудотворната сребрена икона. За неа легендата раскажува дека таа пред виорот од разрушените ѕидини на Кнежинскиот манастир дошла на ова место, иако била вратена назад во манастирот на Свети Георгиј таа повторно дошла во манастирот Пречиста. Во 1316 година била изградена најголемата и најубавата црква во тоа време чиј пречник на сводот е најголем изграден на Балканот. Црквата во 1558 година го палат османлиите, а само неколку години подоцна се изградил нов манастир, кој бил повторно запален и дури во 1848 година повторно заживува. Легендата вели дека самиот Бог го одредил местото посветно на Мајката Божја, каде е изграден манастирот. Во него е чудотвроната икона. Пред иконата се молат оние кои немаат рожба иконата им ги услушува молитивите и им дарува чедо, а на болните здравје. Иконата е по потекло од манастирот Свети Георгиј или Кнежинскиот манастир кој имал тешки премрежја, но денеска тука е новата црква а до неа темелите на старата црква. Уривање уништување на црквата, но верата продолжува да живее со векови. Новата црква посветена на Свети Георгиј го продолжува минатото на во име на светецот. Многумина на сон имале јавување тука да дојдат да изградат во често на светецот, а со градењето се појавиле и свети води. Верниците од овој дел на Кичево веруваат дека водите на манасторот во селото Кнежино им помагаат на луѓето за брак, деца, главоболки и деца кои не можат да зборуваат. Позитивните приказни брзо се шират, а верници од секаде доаѓаат во манастирот. Сила, мистерија, верба многумина одовде дошле несреќни и болни, а заминале здрави велат жителите.
Сите велат кој дошол во овој манастир мора да замине и во Пречиста и тој што бил во Пречиста мора да дојде и во Свети Георгиј. Иконата ги поврзува двата манастира од едниот до другиот крај на Кичево. Со векови црквите поминале тешки премрежја и токму тие тешкотии потесетуваат дека секој од нас со верба, мир и молитва може да надмине се. Монахињните велат дека најважно е вербата во Бога љубовта кон доброто исто како Бог што ја има кон нас. И не само за празниците туку во сите денови во новата година да бидеме со мирен дух и со добри мисли така сите ќе имаме подобар живот, вели сестра Харитина од манстирот Пречиста.
Манастирот се наоѓа јужно од Кичево на надморска височина од 920 метри, есто каде енергијата на природната убавина и духовното се едно во било кое време во годината.