Чолиќ го сака празничниот дух

Date:

Празниците се период од годината во кој домот на Здравко Чолиќ е исполнет со посебна атмосфера.

Славниот пејач, последниве години се обидува да живее практично изолиран од медиумската сцена и ретко ја пушта јавноста во своето секојдневие, но популарниот Чола покажува дека новогоодишниот дух влијае и на него.

Чолиќ ја израдува љубопитната публика кога за српските медиуми откри како се слави Новата година во неговата куќа. Тпој вели дека главниот збор за време на прљазниците го имаат сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.

За украсувањето на елката е задолжена помалата ќерка Лара, никој од нас не се меша во тоа. Природата на мојата работа е таква што најмногу работам за Нова година, па затоа патуваме како семејство и славиме заедно со пријателите. Дома сме за Божиќ, сопругата Александра секогаш подготвува најразлични јадења, омилени на сите, а потоа сите се собираме околу масата. Празничната атмосфера секогаш ме потсетува на моето детство, вели пејачот.

Како што истакнува тој, домот е местото каде што најдобро се чувствува кога ќе дојдат празниците.

Кога бев помал секогаш бев со семејството за Нова година, славевме во домашна атмосфера. Обожавав да добивам честитки, кои порано се пишуваа и испраќаа. Сега сè премина во електронска форма и веќе ја нема таа емоција. Би бил среќен да добијам вистинска честитка, музичка, со убава Божиќна песна. Подоцна, кога почнав да излегувам како младо момче, уживав да го поминувам дочекот во викендица на падините на Бјелашница. Ние, неколку двојки, шведска маса, камин… Донесувавме празнична гардероба, а околу 23 часот се пресоблекуваме во одела и фустани за да ја дочекаме Новата година. Во текот на ноќта ќе бевме затрупани од снег, па не можевме ја напуштиме викендицата. Беше вистинска идила, како од разгледница, се присетува Чолиќ.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...