Чоко мини палачинки

Date:

Потребни состојки:
100g бело брашно;
10g шеќер;
1 јајце;
125ml млеко;
15ml сончогледово масло за јадење;
2g (мала лажичка) прашок за печиво;
Прстофат сол;
60g Нутела.


Начин на подготовка:
Јајцето се двои на белка и на жолчка во два посебни подлабоки сада;
На белката ѝ се додава прстофат сол и се мати со миксер додека не се добие шлаг;
На жолчката ѝ се додава шеќер и се мати додека не се добие пена;
Се зема длабок сад, па во него се става брашното и му се додава прашок за печиво и сувите состојки се мешаат;
Се додава мешавината од жолчката и шеќерот, млекото и маслото, па се мешаат состојките со жица за матење;
На крај полека се додава шлаг пената од белката и се вмешува полека;
Готовата смеса се остава да одмори во ладилник околу 15 минути;
Се зема нелепливо тавче и се премачкува со малку масло, па се загрева;
Со лажица се вадат мини палачинки со големина од околу 6 до 7cm;
Секоја палачинка се пече околу една минута од секоја страна, или додека не добие златно кафеава боја;
Сервирајте ги палачинките со Нутела, а можете да додадете и свежо овошје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...