ЧЛЕНОВИ НА ВЕРСКА СЕКТА ВО АВСТРАЛИЈА ОСУДЕНИ ЗА УБИСТВО НА ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

Date:

Четиринаесет членови на мала религиозна секта во Австралија се прогласени за виновни за убиство од небрежност на осумгодишно девојче, кое починало откако не ѝ дале инсулин за нејзиниот дијабетес поради нивното непоколебливо верување дека бог ќе ја излечи.

Наместо тоа, додека таа умирала, тие се молеле и пееле, бдеејќи околу нејзиниот кревет, а откако престанала да дише, побарале божја интервенција за да ја воскреснат од мртвите.

Родителите на Елизабет Струхс беа меѓу членовите на домашната црква кои беа прогласени за виновни по деветнеделното судење во Врховниот суд во Бризбејн, на кое беа сослушани 60 сведоци. Донесувајќи ги пресудите, судијата Мартин Барнс рече дека смртта на Елизабет била неизбежна откако групата не ѝ дала инсулин и не побарала лекарска помош додека таа лежела умирајќи повеќе од шест дена во јануари 2022 во нејзиниот дом во Тувумба, западно од Бризбејн.

Сите 14 членови одбија да се изјаснат, што беше формално прифатено како да се невини.

„До нејзината смрт, Елизабет била живописно, среќно дете за кое со љубов се грижеле и го обожавале сите членови на црквата, вклучително и обвинетите. Меѓутоа, поради единственото верување во исцелителната божја моќ, таа беше лишена од една работа која дефинитивно ќе ја одржуваше во живот – инсулинот“, кажа Барнс.

Сектата била ограничена на три семејства кои во времето на смртта на Елизабет се состанувале три дена во неделата. Тие не припаѓале на ниедна религиозна деноминација, туку себеси се гледале како христијани кои ја следат Библијата. Тие верувале дека преку молитва, човекот може да го прими Светиот дух. Централниот принцип на нивната вера била исцелителната моќ на бог, па тие ја отфрлиле конвенционалната медицина, која некои членови ја опишаа како вештерство, се вели во пресудата.

Таткото на Елизабет, Џејсон Струхс, ѝ се приклучил на сопругата Кери во црквата во август 2021. Само неколку месеци подоцна, на 2 јануари, Џејсон изјавил на еден црковен состанок дека „бог ја излечил Елизабет од дијабетес“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...