Чистењето на улиците од мразот и снегот оваа зима ќе чини 3,5 милиони евра, покажа последното истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Ова е вкупната сума на досега склучените договори за јавни набавки, за зимско одржување на патиштата низ земјава.
Дури третина од овие пари се за еден тендер – за набавка на индустриската сол што ќе се фрла по државните патишта. Нешто над милион евра се предвидени за справување со мразот и снегот на скопските улици, додека остатокот е планиран за набавка на ризла за државните и за одржување на проодноста на локалните патишта надвор од Скопје.
Сумата, сепак, ќе расте, бидејќи се чека изборот на најдобар понудувач за уште 13 тендери, кои се во тек. Меѓу нив и тој на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, кое, иако зимата дојде, сè уште нема ангажирано надворешни фирми што му се неопходни за зимското расчистување.
Тоа значи дека денешниот снег, претпријатието ќе треба да го чисти со сопствената механизација. Постапката за „ангажирање трети лица“ беше поништена во декември по што беше распишана нова, со краен рок за доставување понуди до 10 јануари.
Државното јавно претпријатие, за оваа зима има склучено три договори за одржување на автопатиштата, магистралните и регионалните патишта. Два се за набавка и дистрибуција на ризла, а еден за индустриска сол.
Двегодишниот тендер за солта, вреден 2,3 милиони евра, годинава го доби трговската компанија „Лугос ЛЦ“ од Скопје, откако изминатата деценија им беше доделуван на две фирми, скопската „Ки-ем“ и демирхисарската „Димакс рудници“.
Компанијата постои четири години, има сменето тројца сопственици, нема вработени, а кон крајот на минатата година почнува да добива државни тендери. Сите се од јавното претпријатие за одржување на патиштата.
На две години се склучени и договорите за снабдување со ризла за зимското одржување, во вредност од по околу 130.000 евра. Едниот е потпишан со битолската „Винер сервис“, компанија формирана пред пет месеци, која веќе има седум договори со државното јавно претпријатие.
Носител на вториот договор е друштвото за преработка на камен, Сопот од Скопје, кое редовно добива јавни тендери за државните патишта.