Чистачка во Конзулатот на Бугарија во Битола интервјуирала кандидати за бугарско државјанство

Date:

Хигиеничарка во Конзулатот на Бугарија во Битола вршела интервјуа со кандидати за добивање бугарско државјанство, откри пратеникот од бугарската партија Преродба, Ангел Георгиев.

Како што пренесуваат денеска медиумите во Бугарија, на оваа негова забелешка и пратеничко прашање, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Марија Габриел потврдила дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба.

Според Габриел, од увидот направен во конзулатот, не биле утрдени директни докази дека чистачката ги интервјуирала кандидатите за бугарско државјанство, но потврди дека имало „застрашувачки прекршувања“ кои се недозволиви во дипломатските служби.

Пратеникот Георгиев тврди дека хигиеничарката Весна Котевска, вработена во бугарскиот конзулат вршела интервјуа со кандидати и како резултат на тоа имало многу одбивања.

Бугарското национално радио јави дека извештајот од контролата во Конзултатот во Битола е испратен до Иснпекторатот на Министерството за правда и оти се очекуваат санкции за одговорните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...