Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Date:

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на чеченските специјални сили „Ахмат“ во областа Курск, изјавил дека руските војници ставиле под своја контрола околу десет населени места во тој регион, кој граничи со североисточна Украина.

„Ситуацијата овде е добра и успешна , нашите единици тргнаа во офанзива. Вкупно се ослободени десетина населени места во областа Курск“, изјавил Алаудинов.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека украинските сили „ постојано се истиснуваат“ од регионот Курск.

„Ќе бидат целосно избркани од руска територија , нема сомнеж за тоа“, изјави Лавров за РИА Новости.

Украина засега не ги демантира руските тврдења за почетокот на руската контраофанзива, но западните воени аналитичари, врз основа на гео-лоцирани слики и визуелни докази, потврдија дека руските трупи во Курската област започнале со операции и дека во моментов имаат воена иницијатива во Курската област.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...